Актерот Сергеј Трифуновиќ доцна синоќа околу полноќ повторно е уапсен на граничниот премин Бајаково.
Тој бил уапсен додека се обидувал да ја премине српската граница и да влезе во Хрватска, пишува Слободна Далмација.
Како што пренесуваат медиумите, во текот на денот ќе биде донесен во Сплит до Општинскиот суд за прекршоци, каде го чека ново судење.
Споменатиот медиум пишува дека Трифуновиќ очигледно не го вратил долгот кон Хрватска откако беше уапсен за своето куче во септември минатата година во Сплит. Граѓаните потоа го пријавиле бидејќи на плажата „Каштелет“ го чувал своето куче без надзор, што вознемирило неколкумина присутни.
Пред една година тој беше уапсен во Сплит поради напад на службено лице. Поточно поради навреда на полицијата и држење на кучето без надзор. Против Трифуновиќ тогаш полицијата поднесе пријава за навреда, како и за чување куче без надзор.
Според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, казна до 4.000 евра за навреда на службено лице и до 1.000 евра за чување куче без надзор може да се изрече за прекршокот што наводно го направил Трифуновиќ, објави ХРТ.