Уапсен руски генерал поради поврзаност со Пригожин

by fokus

Генералот Сергеј Суровикин, заменик-командант на заедничката група руски војници во Украина, е уапсен, тврди „Moscow times“ повикувајќи се на два извори блиски до руското Министерство за одбрана. Засега нема официјална потврда од Москва.

Гласините за апсењето на Суровикин, познат по прекарот „Генерал Армагедон“, претходно ги објави воениот блогер Владимир Романов. Според него, генералот бил уапсен на 25 јуни, ден по бунтот на групата Вагнер предводен од Евгениј Пригожин. Според него, Суровикин се наоѓа во истражниот затвор Лефортово.

Суровикин, наводно, однапред знаел за плановите на Евгениј Пригожин да започне вооружен бунт против руското воено раководство, објави претходно „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски претставници запознаени со разузнавањето.

Според „Moscow times“, тие сега наводно се обидуваат да откријат дали Суровикин помогнал во планирањето на бунтот што се претвори во марш кон Москва и стана најсериозна закана за рускиот претседател Владимир Путин за време на неговите 23 години на власт.

Фото: Профимедиа

Поврзани новости