Од МВР информираат дека е уапсен разбојникот минатиот месец кој ограби аптека во Скопје.
-Секторот за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против лицето М.Ч (39) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил кривично дело “разбојништво“, предвидено и казниво согласно чл.237 од КЗ на Република Македонија, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 25.000 денари.
Имено, пријавениот кривичното дело го извршил на 26-ти минатиот месец, околу 18,55 часот, во аптека лоцирана на булеварот “Кочо Рацин“ на тој начин што влегол во објектот и со закана со нож кон вработената и ги побарал парите. Таа се спротиставила, меѓутоа М.Ч. ја истуркал од работниот пулт, ја отворил фиоката каде што стоеле парите од дневниот промет и ги одзел парите. Потоа трчајќи излегол од аптеката во правец кон автобуската постојка наспроти Градска општа болница Св.Наум Охридски, каде што се качил во такси возило.
По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници лицето е приведено во полициска станица, каде е извршен разговор во кој пријавениот во целост го признал и опишал начинот на извршување на кривичното дело, информираат од МВР.