565
38-годишен пожарникар од охридското село Велгошти е уапсен поради тоа што им се заканувал на колеги дека ќе ги убие. Против него е поднесена кривична пријава за „ „загрозување на сигурноста” и „насилство“.
Имено Ј.К. бил на работно место во неделата и упатил сериозни закани по животот на неговите колеги Д.Г. (49) и Н.Љ. (45).
Два дена подоцна иако не бил на должност, Ј.К. дошол во просториите на Територијалната противпожарна едница и упатил закани по животот на П.С. (61), М.Г. (48) и Д.Г. (49) и физички го нападнал Д.Г. по што бил спречен од вработените.
Од страна на полициски службеници биле преземени мерки и бил извршен преглед кај уапсениот при што бил пронајден нож.