Уапсен поранешниот кикбоксер Ендрју Тејт, обвинет е за трговија со луѓе и силување

by fokus

Контроверзниот интернет инфлуенсер и поранешен кикбоксер Ендрју Тејт е приведен во Романија под сомнение за трговија со луѓе, силување и организиран криминал, соопшти обвинителството во Букурешт.

Британецот со американско потекло Тејт, кому му е забранет пристапот на бројни социјални мрежи поради мизогински коментари и говор на омраза, како и неговиот брат Тристан, ќе останат во притвор 24 часа, заедно со двајца романски осомничени.

Браќата Тејт се под кривична истрага од април, а нивниот адвокат потврди дека се во притвор.

„Четворицата осомничени создале организирана криминална група со цел да регрутира и искористува жени, принудувајќи ги на порнографска содржина. Од тоа имале голема финансиска придобивка“, соопшти обвинителството во Букурешт.

Обвинителите додадоа дека пронашле шест жени кои сведочеле дека осомничените сексуално ги злоставувале.

Поврзани новости