Уапсен поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте, обвинет за злосторства во војната против нарко-картелите

by Fokus

Поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте е уапсен денеска на меѓународниот аеродром во Манила по налог на Меѓународниот кривичен суд, во врска со случај поврзан со злосторства против човештвото.

Дутерте беше приведен по неговото пристигнување од Хонг Конг, а полицијата го уапси по налог на МКС, кој ги истражува масовните убиства за време на борбата на Дутерте против нарко-картелите.

Филипинските власти објавија дека јавниот обвинител издал налог за апсење на поранешниот претседател за злосторства против човештвото и дека тој сега е под контрола на властите.

Апсењето предизвика хаос на аеродромот, каде адвокатите и помошниците на Дутерте протестираа бидејќи не им беше дозволено да му пријдат на поранешниот претседател откако беше приведен.

МКС почна да ги истражува убиствата извршени под режимот на Дутерте од 1 ноември 2011 година, кога тој беше градоначалник на Давао Сити, до 16 март 2019 година, како злосторства против човештвото. Во 2019 година, Дутерте ги повлече Филипините од Римскиот статут, што активистите за човекови права го гледаа како обид да се избегне одговорност.

И покрај тврдењата на администрацијата на Дутерте дека филипинските власти веќе ги истражуваат истите наводи, МКС во 2023 година одлучи дека истрагата може да продолжи, отфрлајќи ги приговорите на властите. МКС, со седиште во Хаг, може да интервенира кога земјите не сакаат или не можат да гонат поединци за најтешките меѓународни злосторства, вклучително и геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.

Поврзани новости