562
Освен приведените 223 полски навивачи вчера во Градски парк, полицијата вчера интервенираше и во хотел во центар на Скопје. Како што информираат од МВР уапсен бил 35-годишен Полјак бидејќи правел проблеми во хотелот каде што бил сместен.
„На 07.06.2019 година во 04,30 часот од хотел во Скопје од страна на полициски службеници приведено било лицето М.К.(35) од Р.Полска поради нарушување на јавниот ред и мир. Лицето е приведено по пријава дека во алкохолизирана состојба прави проблеми во хотелот“, соопштија од МВР.