Уапсен пијан Холанѓанец кој дивеел во Струга

by fokus

39-годишен Холанѓанец вчера бил приведен во полициска станица во Струга откако бил фатен како дивее во алкохолизирана состојба.

„На 28.10.2018 година во 10.40 часот во Полициската станица Струга бил приведен Ф.О.О.(39) од Холандија поради тоа што во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир и ги вознемирувал граѓаните пред маркет во градското пазариште. Тој бил задржан во полициската станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од полицијата.

Поврзани новости