Еден 47-годишен маж со српско потекло бил уапсен во вторникот во Париз, откако се пријавил во полиција дека го сокривал трупот на својата мајка за да продолжи да ја добива нејзината пензија, јави дописникот на МИА.
Како што објави денеска весникот „Ле Паризиен“, во вторникот околу 7:30 часот, човекот отишол во полициска станица за да ја открие својата страшна тајна. Тој на полицаец му рекол дека неговата мајка починала во 2014 година, на 75-годишна возраст, во станот во 20-тиот арондисман, каде што живеела сама. Тој прецизира дека боледувала од рак и дека ќе умрела како резултат на оваа болест.
Во бањата од станот полицијата го открила мумифицираното тело на мајката, сместено во во куфер покриен со церада. Тој користел и пена за прикривање на непријатниот мирис.
Аутопсијата спроведена во средата, на 2 јуни, во форензичкиот институт во Париз, не открила траги од насилство, со што се исклучила тезата за намерно убиство. Според „Ле Паризиен“, полицијата верува дека човекот решил да ја открие својата тајна затоа што било наредено иселување од станот и дека не знаел што да прави со мумијата.