911
Анџело Ѓорѓиевски ноќеска е уапсен и однесен во истражниот затвор “Шутка”, по одреден притвор од 30 дена, неофицијално дознава “Фокус”, од свои извори.
“Фокус” доби и официјална потврда од МВР за информацијата.
За Ѓорѓиевски МВР вчера распиша меѓународна потерница, по што за кратко време успеале да го уапсат.
Ѓоргиевски е првоосомничен за убиството на 28 годишниот ракометар од Хрватска Денис Тот, кого како што се гледа на снимките од безбедносните камери, пред дискотеката Привилиџ во градскиот парк, минатата недела го удрил, од што ракометарот паднал на асфалтот и се здобил со смртоносни повреди на кои подоцна им подлегна на КАРИЛ.
В.В.