44-годишен маж од Неготино со иницијали Д.К. е приведен и против него е поднесена кривична пријава за „убиство од небрежност“. Тој е осомничен дека на 19-ти месецов го застрелал 50-годишниот Ј.Д. од село Тимјаник кој беше пронаден мртов ден потоа.
На 20.04. околу 18,30 во месноста викана „Селиште“- Копришница, атар на општина-Демир Капија бил пронајден починат Ј.Д. од с.Тимјаник, неготинско. Потоа полициски службеници од ПС ОН Неготино во координација со ОЈО Велес извршија увид на местото на настанот и по насока на Јавното обвинителство телото на починатото лице е предадено на обдукција и се преземени мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.
Од таму додаваат дека според документираните сознанија од истрагата на 19.04. околу 17, 00 часот Д.К. од небрежност со ловна пушка “ТОЗ 63“ истрелал во правец кон Ј.Д. нанесувајќи му устрелна рана во пределот на горниот дел од телото.