Двесет и едногодишниот С.Р. од Скопје е уапсен, а по него се трагаше од август годинава, кога против него во рамки на акцијата „Ќелија“ беше поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“ предвидено и казниво по член 322-а од Кривичниот законик на Р.Македонија, информираа од МВР.
Од таму тврдат дека, според сознанијата, пријавениот бил припадник на ИД и првото заминување за Сирија го остварил во првата половина на 2013 година, а додека пак второто илегално заминување за Сирија го остварил во октомври минатата година.
Пријавениот пред неколку недели илегално се вратил на територијата на Република Македонија по што од страна на МВР беше лоциран и по налог на Јавен обвинител лишен од слобода.