Уапсен новинарот Шаровиќ кој известува за протестите во Србија

by fokus

Полицијата го уапси Немања Шаровиќ, водител на КТВ, кој денеска известуваше од студентскиот камп, објавија српските медиуми.

Полицаецот побарал од него да го напушти Пионер паркот, „поради опасност да дојде до големо нарушување на мирот и редот“.

Полицајците потоа го извлекле новинарот, ставајќи го во полициско возило, откако тој одбил да ја напушти локацијата.

Шаровиќ претходно изјави дека верува дека не го прекршил законот и дека се однесувал пристојно, а дека бил во паркот за да ги праша студентите кои протестираат таму кои се нивните барања и зошто сакаат академската година да продолжи.

Поврзани новости