Уапсен напаѓачот кој пукаше во Фантом

by fokus

Полицијата го уапси напаѓачот кој синоќа, околу полноќ, пукаше во Борис Мутков познат под прекарот Фантом.

-Пријавено е дека на влез во с.Бардовци било пукано кон Б. М. (40), кој се движел со возило „мерцедес“. Б.М. е пренесен во болницата „Систина“ за укажување помош. Во врска со настанот е приведен С.Е. (23), велат од МВР.

Според информации на „Фокус“, возилото на Фантом било изрешетено, а тој е повреден, но не е во животна опасност.

Мутков беше еден од оние граѓани кои на 27 април влегоа во Собранието, поради што беше осуден на условна казна затвор.

Поврзани новости