Уапсен напаѓачот кој пукаше во две момчиња во Косово

by Fokus

Косовската полиција синоќа соопшти дека е уапсен 33-годишен маж, осомничен дека пукал и повредил две деца во близина на Штрпце.

Министерството за одбрана на Косово соопшти дека приведениот е припадник на косовските безбедносни сили.

Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија вчера соопшти дека од возило во движење е пукано врз две момчиња ( 11 и 21 година), при што едниот е застрелан во рака, а другиот во рамо. Тие се хоспитализирани во Грачаница.

Од Канцеларијата за КиМ тврдат дека, иако неколку очевидци ја виделе регистрацијата на возилото од кое се пукало, но локалната полиција го пропуштило возилото со осомничените. Поради инцидентот Србите од Косово го блокираа регионалниот пат Штрпце – Урошевац.

Поврзани новости