Уапсен началникот на полицијата на Црна Гора

by Fokus

Специјалното полициско одделение на Црна Гора по наредба на Специјалното државно обвинителство ги уапси началникот на униформираната полиција на Подгорица, Дарко Кнежевиќ и командирот на Одделот за безбедност во Подгорица, Далибор Живковиќ.

Тие се уапсени поради сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба, пренесе порталот „Дан“.

„Специјалното полициско одделение по наредба на Специјалното државно обвинителство ги лиши полициските службеници Д.К. и Д.Ж, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и ги донеле на распит кај државниот обвинител како осомничени“, изјави Вукас Радоњиќ, Државен обвинител и портпарол на Специјалното државно обвинителство.

По рочиштето, во присуство на бранител, на осомничените им е одредена мерка притвор до 72 часа.

Според црногорските медиуми тие се уапсени во текот на работното време.

 

Поврзани новости