487
Во текот на вчерашниот ден, младо момче од Велес било уапсено затоа што се обидело да ја избоде со нож својата мајка.
„Вчера во 17:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Н.П.(22) од Велес затоа што се однесувал агресивно во семејниот дом и се обидел со остар предмет да ја нападне неговата 45-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.