Уапсен маж од Боговиње, пукал на семејна веселба и оштетил кров на куќа

by valentina 11:25
11:25

Од МВР информираат дека е уапсен маж од Боговиње, кој пукал на семејна веселба, при што еден куршум оштетил покрив на куќа.

-На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, извршен е и претрес во дом на Ф.М. (50) во с.Боговиње, при што во дворот биле пронајдени чаури од гасен пиштол. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Слични вести