На 05/06.07.2024 година, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, беше спроведен план за контрола во повеќе угостителски објекти, излетнички места и на концертот “Skopje Calling”, соопшти преку својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
– Во рамките на извршената контрола, лишено од слобода е лицето И.П. (42) бидејќи кај истиот при преглед на импровизиран бункер во моторцикл кој го управувал без возачка дозвола, пронајдени се 13 паковки со непозната бела прашкаста материја. Дополнително, во ташничка под седиштето на моторциклот се пронајдени 60 банкноти во апоен од 50 евра и 5 банкноти во апоен од 1000 денари. По консултација со дежурен јавен обвинител, одземени се паричните средства и мотоциклот, по што И.П. е задржан во полициската станица за понатамошна постапка.
Исто така, при преглед на лицето А.К. (20) пронајдена е непозната растителна материја. Во рамките на контролната акција, беше извршено легитимирање и преглед на вкупно 29 лица и 5 патнички моторни возила, истакна Тошковски
.