Уапсен малолетник во Шуто Оризари

by Fokus

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 21 часот на подрачјето на Шуто Оризари привеле 17-годишен малолетник од Кочани по претходна пријава дека извршил тешка кражба во Скопје.

Како што денеска соопшти МВР, во Полициското одделение Шуто Оризари во присуство на инспектори по малолетничка деликвенција и на стручен тим од  ЈУМЦСР и адвокат, бил извршен разговор со малолетникот кој во целост ја појаснил постапката на извршената тешка кражба.

Известен бил и дежурен јавен обвинител за малолетници, од каде што е добиено известување дека малолетното лице имало претходна правосилна пресуда и треба да биде спроведено до Воспитно-поправниот дом Тетово.

По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Поврзани новости