Уапсен малолетник кој украл пари од книжарница во ГТЦ во Скопје

by Fokus

Полицијата уапси малолетник кој насилно влегол во книжарница во Градскиот трговски центар во Скопје и украл пари, соопшти Министерството за внаттрешни работи.

„Денеска  во 09.55 часот во Градскиот трговски центар полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје, поради сомнение дека вчера во книжарница на подрачјето на Центар, со употреба на сила го скршил стаклото, влегол внатре и одзел пари. Со малолетникот бил извршен разговор во присуство на родител и адвокат за малолетници. Известен бил Јавен обвинител, а по извршениот разговор малолетникот бил предаден на неговиот татко. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, велат од МВР .

Поврзани новости