Весникот “Коха” објави дека пред помалку од една недела македонскиот дипломат Миле Миленкоски бил уапсен од српската полиција, кој според неофицијалните информации на овој медиум, бил осомничен за спасувачка операција на контроверзен ерменски олигарх во 2018-тата година.
Миленкоски е заменик-шеф на мисијата на нашата држава во ОБСЕ, во Виена.
Се тврди дека апсењето било извршено врз основа на меѓународна потерница од австриската полиција од 2018-тата година.
Дипломатот е осомничен дека пред три години организирал патување во главниот град на Ерменија, Ереван, заедно со уште двајца македонски дипломати, со цел да биде извршена евакуацијата на ерменскиот олигарх, кој во својата држава биле осомничен за злоупотреба на милиони евра.
Весникот тврди дека Миленкоски и дипломатите, чии иницијали се С.С и В.С, за да го извлечат Ерменецот, со приватен авион отпатувале во Ереван, откако претходно во забрзана постапка регистрирале невладина организација која се грижи за лица со посебни потреби, со цел на учествуваат на конференција во главниот град на Ерменија.
Коха тврди дека спасувачката операција била успешна и ерменскиот олигарх, кој во својата држава бил осомничен и за перење пари и присвојување државен имот,бил пренесен на, како што се вели, “сигурно место”.
Весникот тврди и дека покрај Миленкоски, во Врање бил уапен и сега веќе пензионираниот дипломат В.С, кој пред три години бил дел од операцијата за извлекување на Ерменецот. Двајцата се и во притвор на српските власти.
„Фокус“ денеска побара потврда од министерот Бујар Османи, но тој се уште не одговори на нашето прашање.