Уапсен крадец од Зајас – украл 15 велосипеди

by fokus

Крадец од кичевското село Зајас вчера бил приведен, а во неговиот дом биле најдени украдени велосипеди, електричен велосипед и други предмети.

Уапсен бил вчера во 18.30 часот, а бил на возраст од 54 години.

-При извршен преглед во патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени 15 велосипеди, електричен велосипед и други предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела кражби.

На 22.04.2023 во 22 часот од полициските службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициско одделение Зајас, по претходна судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.Ј. во с.Зајас, при што биле пронајдени и одземени: 12 велосипеди, 5 рамови од велосипеди, електромотор, како и други предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела тешки кражби и кражби. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

 

Поврзани новости