452
Скопјанец кој денес извшил кражба на бул Св. Климент Охридски е уапсен од полицијата, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Денес околу пладне полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Е.Р.(22) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно на бул.„Климент Охридски“ во Скопје извршил тешка кражба на дрзок начин, при што од А.К. од Скопје одзел накит. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава’, соопшти МВР.