Уапсен косовски Србин осомничен за воени злосторства

by Fokus

Полицијата на Косово соопшти дека уапсила лице од српска националност, осомничено за воени злосторства врз цивилното население извршени во војната во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во 24-часовниот извештај на полицијата се вели дека осомничениот, со иницијали Ч. Ј., е уапсен вчера во селото Ѓураковац во општина Исток.

– По извршени истражни дејствија од страна на Единицата за истражување на воените злосторства, идентификувано е и уапсено машко лице од српска националност поради воени злосторства извршени врз цивилното население на Косово во периодот од 1998 до 1999 година. Со одлука на обвинител му е одреден притвор, се вели во соопштението на полицијата.

Поврзани новости