Косовските власти денеска уапсија едно лице осомничено за воени злосторства против цивилното население во војната од 1998-99 година.
– По налог на Специјалното обвинителство на Република Косово, полицијата на Косово уапси едно лице со иницијали Р.Д., осомничен дека извршил кривично дело „Воени злосторства против цивилното население“ во спротивност со членот 142 од Кривичниот закон на поранешна СФР Југославија, „Воени злосторства со тешко прекршување на Женевската конвенција“ од член 144 од Кривичниот закон на Република Косово, се вели во соопштението на Обвинителството.
Во текот на денот се очекува Основниот суд во Приштина да донесе одлука во врска со барањето на Обвинителството за притвор за уапсеното лице.
Во војната во Косово во 1998-99 година се убиени околу 13.500 лица, додека за исчезнати и натаму се водат над 1.600 лица.