772
Во текот на вчерашниот ден во Кичево е уапсено лице кое било барано со потерница за издржување на затворска казна, пренесуваат од МВР.
„На 16.12.2020 во 13:10 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го привеле Џ.Х. (40) од Кичево, кој се барал со потерница за издржување казна затвор од една година во Казнено-поправната установа Затвор Битола. Лицето е спроведено во затворот во Битола“, додаваат од МВР.