264
Обвинителството потврди дека е уапсен Александар, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска. Засега за него не се бара притвор, а распитот сѐ уште трае.
Откако мајката Зорица во понеделникот уште во раните утрински часови ја пријави својата ќерка за исчезната, неколку часа подоцна официјално во полиција исчезнувањето го пријавил и нејзиниот татко.
Цели седум дена траеше потрагата по 14-годишното девојче, кое според соопштението од Обвинителството и од МВР било убиено само неколку часа по киднапирањето.