64
Уапсен е и другиот малолетник кој е осомничен за убиство на братот на потпретседателот на Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина, пренесуваат српските медиуми. Според информациите, сам се предал во полиција.
Ѓорѓе Мијатовиќ им подлегна на повредите откако пред два дена беше нападнат од група хулигани во паркот на Вождовац во Белград.
Утрово беше уапсен едниот 16-годишник, а се трагаше по другиот. Како што подоцна изјави српскиот министер за полиција Ивица Дачиќ, вториот напаѓач најавил дека ќе се предаде, преку својата мајка.
Уапсениот малолетник бил на распит во Одделот за малолетници на Вишото јавно обвинителство во Белград, а се товари за кривично дело тешко убиство. Другиот осомничен нема да биде сослушан во истото обвинителство.