529
На територијата на Општина Центар вчера биле уапсени двајца странски државјани од страна на полицијата. Попладнето во 13.30 часот бил приведен 31-годишен Французин со иницијали A.Г.М. Според информации од полицијата тој агресивно се однесувалне и непочитувал наредба издадена од полициски службеник кој вршел службени дејствија.
Синоќа, после полноќ, пак, исто така на подрачјето на Центар полициски службеници го уапсиле Т.К. од Хрватска, кај него била најдена марихуана. Со Хрватот била 23-годишна девојка М.Ѓ. од скопското село Волково. Кај неа, пак, била најдена прашкаста материја, поради што и таа завршила во полициска станица, велат од полицијата.