435
59-годишен гостварец по потекло од село Чегране, а со место на живеење во Република Србија, е вчера уапсен на граничниот премин „Табановце“ поради фалсификуван Мерцедес со српски национални ознаки.
„При контрола на патничко возило „Мерцедес“, управувано од А.И. (59), било констатирано дека возилото е фалсификувано, односно дека има вградено делови од украдени возила во Република Чешка и Италија, како и фалсификуван ВИН број. Лицето било приведено и предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка, а возилото со потврда за привремено одземени предмети било одземено“, велат од полицијата.