Уапсен Едмонд Темелко

by Fokus

Пред десетина минути е уапсен Едмонд Темелко, градоначалникот на Пустец по кого денеска беше распишана централна и меѓународна потерница, дознава „Фокус“.

Според нашите засега неофицијални информации, Темелко бил пронајден и уапсен во близина на владината зграда во Скопје.

Според процедурата, се очекува Темелко веднаш да биде спроведен во истражниот затвор Скопје, каде што треба да одлежи 30 дневен притвор.

Темелко е еден од осомничените во случајот на СЈО Титаник, кој беше отворен за изборни манипулации. Од Кривичниот суд во текот на вчерашниот ден соопштија дека на Темелко му е изречен 30-дневен притвор, по барање на СЈО, бидејќи како што денеска објасни обвинителката Ленче Ристоска имале сознанија дека Темелко и покрај забраната ја минал границата, односно во неколку наврати ја напуштил државата.

В.В.

Поврзани новости