Уапсен еден од малолетниците кои го претепаа до смрт братот на министерот во Вождовац, се трага по другиот

by Fokus

Идентификувани се двајцата малолетници кои се осомничени дека го претепале братот на министерот во Владата на Босна и Херцеговина, во паркот Вождовац, во Белград. Како што пренесуваат српските медиуми, еден од осомничените е уапсен.

Како што пренесува српски Курир, 16-годишникот се товари за тешко убиство и ќе биде изведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Малолетниците се осомничени дека со неколку удари во главата го удриле Ѓорѓе Мијатовиќ, кој почина неколку часа подоцна.

Интензивно се трага по второосомничениот.

Поврзани новости