Уапсен е зетот на Сали Бериша, на екс премиерот му е одземен пасошот

by Fokus

Јамарбер Малтези – зетот на поранешниот албански премиер Сали Бериша, уапсен е вечерва на меѓународниот аеродром во Тирана, јави „Топ чанел“.

„Полицијата го уапсила во моментот кога тој пристигнал на аеродромот со цел да патува надвор од земјата. Апсењето е по наредба на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК“ додаваат од телевизијата.

Единственото досие со кое се поврзува неговото име и за кое е пријавен во СПАК е она за приватизацијата на поранешниот спортски клуб „Партизани“.

Тужбата во СПАК за ова досие ја покрена албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала во времето кога беше координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија. Освен него тој го обвини и Бериша и тогашниот министер за одбрана – Арбен Имами.

„Тогаш Малтези беше повикан во СПАК и на распит за овој случај. Се чини дека Специјалното обвинителство нашло доволно докази за да го уапси зетот на поранешниот премиер, кој смета дека е еден од главните сопственици на зградите кои ги избришаа трагите од комплексот Партизани“ – посочуваат од „Топ чанел“.

Во врска со ова прашање, на Сали Бериша му е одредна безбедносна мерка „задолжително јавување“, а му е одземен и пасошот.

Пред две години поради вмешаност во корупција, САД ги прогласи за непожелни Сали Бериша и неговото семејство.

Поврзани новости