Рускиот заменик министер за одбрана – Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил мито!
– Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Владимирович Иванов е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп – објави Истражниот комитет на својот канал Телеграм.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московската област, додека подоцна беше генерален директор на државното претпријатие „Оборонстрој“.
Во 2016 година, Иванов со претседателски указ беше назначен за заменик началник на Министерството за одбрана.
Рускиот претседател Владимир Путин е информиран за притворањето на рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов, а министерот за одбрана Сергеј Шојгу е однапред информиран, изјави за новинарите портпаролот на рускиот претседател – Дмитриј Песков.