528
МВР информира дека вчера во 10.50 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(73) од Скопје, постапувајќи по пријава според која на 05.07.2023 околу 17.30 часот на подрачјето на Карпош, додека малолетничка седела во нејзиниот двор со две другарки, тој во соседниот двор од неговата куќа се соблекол и недолично се однесувал пред нив.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.