Уапсен е охриѓанец, нападнал вработен во Здравствен дом – Охрид

by Fokus

МВР информира дека синоќа во 19.20 часот, на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, лишен од слобода е С.Д.(57) од Охрид.

– Тој се сомничи дека претходно, во просториите на Итната медицинска помош во Охрид, физички нападнал еден вработен во Здравствениот дом – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Поврзани новости