Уапсен е малолетник кој ограбил турист од Сингапур во Старата скопска чаршија

by Fokus

МВР информира дека вчера во 16.25 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар при СВР Скопје е лишен од слобода 16-годишник од Скопје.

Според пријавеното, малолетникот околу 15.30 часот во Старата скопска чаршија му одзел пари на турист од Сингапур, а одземените пари се пронајдени кај него и вратени на сопственикот, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот од ЕВР Центар и Бит Пазар ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин”, казнива по чл.236 ст.1 т.3 од Кривичниот законик, а против Д.Ј., мајка на малолетникот ќе биде поднесена кривична пријава „запуштање и малтретирање на малолетно дете” казниво по чл.201 од Кривичниот законик.

Поврзани новости