МВР го потврди случајот за кој денеска информираше „Фокус“.
„Вчера попладне во 17 часот во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.С.(64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, односно дека по завршен хируршки зафат побарал и примил поткуп од лице од Битолско. Кај него биле пронајдени и одземени парите, кои претходно биле обележани. М.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава“ информираат од МВР.
Хирургот и началник на Одделение во битолската Клиничка болница вчера бил фатен земајќи мито од 150 евра од пациент.