Уапсен е крадец осуден на 10 години и 9 месеци затвор

by Fokus

МВР информира дека денеска на ул. „Волт Дизни“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(30) од Скопје.

Тој бил осуден на 10 години и 9 месеци казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за доиздржување на 5 години и 9 месеци од казната.

Лицето било спроведенo во Полициското одделение Шуто Оризари за понатамошна постапка, по што ќе биде спрведено во надлежната казнено – поправна установа за доиздржување на казната.

 

Поврзани новости