Уапсен е крадец на автомобил во Скопје, ќе има соодветна пријава

by Fokus

Македонското Министерство за внатрешни работи информира дека синоќа 45 минути пред полноќ на ул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(31) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 14. овој месец во 23 часот во с. Сарај одзел патничко возило „шкода фелиција“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на О.Љ.(51) од с. Љубин, општина Сарај.

Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било пронајдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости