Уапсен е кавадарчанец, ја нападнал сопругата

by Fokus

Лишен од слобода е кавадарчанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата, информираа денеска од Сектор за внатрешни работи Велес.

– Синоќа во 18:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода М.Ј.(45) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – соопштија од СВР Велес.

Поврзани новости