Уапсен е Илчо Ѓоргиоски, поранешен претседател на ФФМ, дознава Фокус.
Во моментот под водство на обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминл, во содејство со МВР и Финансиската полиција, се спроведува акција на повеќе локации, се вршат претреси.
-Денеска под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје.
Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена од истражителите на Истражниот центар при ОЈО ГОКК и УФП. Повеќе информации за предметот ќе бидат соопштени во текот на денот по завршување на дејствијата што се преземаат,информираа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.