89
МВР информира дека вчера попладне во 17.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ѓ.И.(28) од Република Србија.
По завршување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ГФК „Тиквеш 1930“ од Кавадарци и ФК „Брера“ од Струмица, одигран на Градскиот стадион во Кавадарци, Ѓ.И. – играч на ФК „Брера“, физички го нападнал Д.К.(32) од Прилеп – играч на ГФК „Тиквеш“.
По документирање на настанот против Ѓ.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.