446
Полицијата во Манчестер уапси млад маж осомничен за нападот што се случи на концертот на пејачката Аријана Гранде, пренесува Independent.
Од полицијата потврдуваат дека еден маж е уапсен во трговски центар, но се утврдува дали е поврзан со нападот во кој загинаа 22 лица, а околу 60 се повредени. Тереза Меј изјави дека полицијата и службите веруваат дека го знаат идентитетот на напаѓачот, со оглед на серијата апсења во текот на утрото.
Меѓу жртвите има и деца, а првата идентификувана жртва е 16-годишната Џорџина Каландер. Голем е и бројот на исчезнати.
Мажот кој ја активираше бомбата загинал на лице место.