Уапсен е довчерашниот претседател на Хондурас по барање на САД

by Фокус

Поранешниот претседател на Хондурас, Хуан Орландо Ернандез, е уапсен на барање на САД и со лисици на рацете е изнесен од својот дом, само неколку недели по напуштање на функцијата.

При преносот на државната телевизија се забележало дека Ернандез на себе имал панцир и синџири меѓу рацете и нозете, а бил придружуван од специјални единици.

Потоа, поранешниот претседател бил прикажан како седи додека лекарски екипи го прегледуваат.

До апсењето дошло откако Врховниот суд на Хондурас одлучил за негово приведување врз основа на барање за испорачување по обвинение за трговија за дрога и оружје.

Тој истакнал дека е подготвен да соработува со полцијата.

Поврзани новости