2
Вчера во 12:30 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода А.С.(60) со престој во село Војшанци, неготинско.
Од МВР информираат дека при претрес во домот, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, семки, дигитална вага, дробилка, пари и други предмети.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, посочија оттаму.