51
МВР информира дека синоќа во 21 часот во Тетово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово и од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода Х.И.(49) од Тетово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага и други предмети со остатоци од хероин.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.