54
МВР информира дека вчера попладне во 18.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.П.(42) од Битола.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.