Уапсен е 70-годишен кавадарчанец поради физички напад врз сопругата

by irena 12:50
12:50

Седумдесетгодишен кавадарчанец бил лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал сопругата, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Денеска во 00:05 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода Ф.М., постапувајќи по претходна пријава од неговата 68-годишна сопруга, дека во близина на семејниот дом, физички ја нападнал. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснија од МВР.

Слични вести